Foto: Facebook/Hristijan Mickoski
Премиерот Христијан Мицкоски остварил средба во Брисел со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европската комисија.
Како што информира Мицкоски преку објава на Фејсбук, главни теми на разговорот биле европската перспектива на Македонија, напредокот во реформите и следните чекори во процесот на пристапување кон Европската Унија.
Мицкоски порачал дека определбата на државата за членство во ЕУ останува јасна, но дека европската иднина треба да се темели на принципиелни односи, меѓусебно почитување и заштита на националните интереси.
Тој посочил дека Владата продолжува со спроведување на реформската агенда и политики насочени кон европска интеграција, стабилност и економски просперитет.
Македонија заслужува европска иднина, заснована на принципиелни односи, почитување и заштита на националните интереси, како и доследно спроведување на реформите во интерес на граѓаните, наведува Мицкоски во објавата.
Post Views: 99
Извор : vesnik-ilinden.com
Мицкоски од Брисел: Продолжуваме со реформите, но и со заштита на националните интереси