Никој не се ни сомневаше дека пејачката се спрема да роди дете, сè додека самата не ја објави среќната вест на социјалните мрежи
Аврил Лавињ, која на прв поглед како засекогаш да остана онаа бунтовна девојка со гитара од хитот „Sk8er Boi“, сега е мајка. Веста беше вистинско изненадување за нејзините обожаватели, бидејќи пејачката успеа да ја сокрие бременоста до самиот момент на објавувањето. Во петокот, на 13 ноември, 42-годишната пејачка сподели серија црно-бели фотографии на социјалните мрежи, со кои го објави раѓањето на својата ќерка.
„Пристигна нашата мала принцеза“, напиша Аврил.
Со оваа објава таа директно се повика на својот хит од 2007 година, „Girlfriend“.
На првата фотографија, Лавињ и нејзиниот мистериозен партнер ја држат раката на новороденчето, додека на втората пејачката нежно го ниша бебето. Облечена е во облека со леопардски принт, со панделка на главата. Серијата фотографии завршува со емотивна фотографија од три пара карирани патики „Ванс“ во различни големини, поставени една до друга на скејтборд – очигледна алузија на естетиката од ерата на „Sk8er Boi“.
Она што особено изненадува во целата приказна е фактот што никој не знаел за бременоста на Аврил. Немало гласини, инсајдерски информации, ниту фотографии на кои се забележува нејзиниот труднички стомак. Таа целосно ја држела бременоста подалеку од очите на јавноста, што звучи речиси неверојатно во денешниот свет на шоу-бизнисот, во кој папараците го следат речиси секој чекор на познатите личности. Идентитетот на таткото на бебето исто така останува мистерија. Животот на Лавињ со години е предмет на шпекулации, но таа успеала најважниот настан во својот живот да го задржи во тајност сè до моментот кога самата одлучила да го сподели со јавноста.
Во 2007 година, кога беше во брак со Дерик Вибли, Аврил категорично изјави дека нема планови наскоро да има деца.
„Па, никогаш не знаете што може да се случи, но во моментов не го сакам тоа“, изјави тогаш 22-годишната пејачка, додавајќи дека повеќе сака приватниот живот да го чува за себе, далеку од рефлекторите.
Истата година, во едно интервју, таа истакна:
„Не сакам да имам деца во следните десет години. Сè уште имам многу работи што треба да ги направам.“
Нејзиниот став остана непроменет и во 2008 година, кога почнаа да кружат гласини за можна бременост. Кога ја прашаа дали планира да тргне по стапките на Кристина Агилера и Ешли Симпсон, кои станаа мајки во своите дваесетти години, Лавињ остро одговори:
Поврзани објави
„О, Боже! Не сакам деца во следните десет години. Во моментов не знам ни дали би можела да се справам со куче. Воопшто не сум подготвена. Еден ден ќе бидам мајка, но не пред да наполнам 30 години.“
Со текот на годините, нејзиниот став кон мајчинството почна да се менува. До 2014 година, кога веќе беше во брак со Чед Кругер, Аврил зборуваше поинаку за оваа тема.
„Во моментов навистина сум фокусирана на кариерата. Во иднина многу би сакала да бидам мајка, но не сега“, изјави таа.
Призна и дека со годините станала многу поблиска со семејството и почнала повеќе да ја разбира важноста на луѓето кои навистина се покрај вас кога е најпотребно.
Меѓутоа, истата година беше откриено дека Аврил боледува од лајмска болест. Сè започнало кога пејачката почнала да се чувствува лошо за време на турнејата. Посетувала лекар по лекар, постојано поставувајќи го истото прашање:
„Толку многу ме боли, уморна сум, не можам да станам од кревет – што ми е?“
Лекарите разговарале со неа за синдромот на хроничен замор, ја прашувале дали можеби станува збор за депресија, па дури и ја советувале едноставно да стане и да почне да свири пијано. Во еден момент, нејзин пријател се посомневал дека можеби станува збор за лајмска болест и ѝ предложил да ја контактира Јоланда Хадид, која исто така се соочувала со истата болест. Јоланда ѝ го дала телефонскиот број на специјалист за лајмска болест. Сепак, дури и откако ја добила дијагнозата, нејзината состојба не се подобрила веднаш.
Најтешкиот момент бил кога сфатила дека постои можност да умре. Во отвореното писмо до обожавателите во 2018 година, Лавињ напиша:
„Ја прифатив смртта и почувствував како моето тело се гаси. Се чувствував како да се давaм. Како да сум под вода и ми недостига воздух.“
Всушност, во тој период некои корисници на интернет беа толку убедени дека нешто невообичаено се случува со пејачката, што почнаа да шират теории на заговор дека вистинската Аврил била заменета со двојничка.
ФОТО: ИНСТАГРАМ