Претставници на Агенција за иновации, научно технолошки развој и претприемништво, предводени од директорката Даниела Димовска, од 16 до 18 ноември престојуваат во Тирана, Република Албанија, каде учествуваат на регионалната конференција „Innovating the Western Balkans“.
Конференцијата ги обединува клучните чинители од Западен Балкан со цел размена на искуства, идеи и добри практики за унапредување на иновациите, претприемништвото и развојот на одржливи стартап екосистеми во регионот.
Во рамки на посетата, ИНОВА ќе потпише меморандум за соработка со Албанската агенција за развој на инвестиции (АИДА), што претставува значаен чекор кон продлабочување на институционалната и регионалната соработка.
Предвидени се и средби со повеќе институции, како и воспоставување контакти и партнерства со регионални и меѓународни организации.
Учеството на ИНОВА на оваа конференција отвора нови можности за поврзување, заеднички иницијативи и размена на знаења, со цел поттикнување на иновацискиот потенцијал и зајакнување на претприемачкиот екосистем во Западен Балкан.
Post Views: 79