Table of Contents
Прочитајте ги насоките од астролозите за полесно да го пребродите постретроградниот перод
Меркур денес конечно го завршува своето ретроградно движење и повторно тргнува директно, што кај многумина ќе донесе чувство на олеснување по неколкунеделните недоразбирања, одложувања, враќања на стари проблеми и преиспитување на донесените одлуки. Некои хороскопски знаци особено ќе почувствуваат позитивна промена по завршувањето на ретроградниот Меркур, а пред сè водените знаци.
На сите што се интересираат за астрологија им е познато дека по завршувањето на ретроградното движење следува период познат како постретроградна сенка. Во оваа фаза, одредени теми и ситуации од претходните недели сè уште се разрешуваат.
Според астролошките процени, постретроградната сенка на овој ретрограден Меркур ќе заврши дури на 30 ноември 2026 година. Тоа значи дека во следните две недели ќе имаме можност да ги довршиме започнатите разговори, да ги исправиме грешките и конечно да добиеме одговори на прашањата што останаа отворени.
Што всушност значи постретроградната сенка на Меркур?
Во астрологијата, постретроградната сенка се однесува на периодот во кој Меркур, откако повторно ќе тргне директно, минува низ истите степени на зодијакот низ кои се движел и за време на ретроградната фаза. Поради тоа, се верува дека темите што биле актуелни во текот на ретроградниот период сè уште не се целосно разрешени.
За среќа, ова не значи продолжување на ретроградниот хаос, туку период на постепено расчистување и разјаснување на ситуациите. На пример, ако во изминатите недели сме се соочувале со недоразбирања, погрешно сме ги толкувале пораките, сме одложувале договори или повторно во нашиот живот се појавувале важни луѓе од минатото, сега можеме да очекуваме овие ситуации постепено да добиваат разрешница. Сепак, не треба да брзаме.
Првите денови по промената на насоката на Меркур може да бидат особено чувствителни, бидејќи на планетата на комуникацијата ѝ треба време да го промени привидниот правец на движење. Затоа, добро е уште еднаш да ги проверуваме важните информации, внимателно да ги читаме документите и да не носиме одлуки под притисок.
Постретроградната сенка ќе влијае врз секојдневниот живот
Бидејќи целиот ретрограден циклус на Меркур се одвиваше во знакот на скорпија, астролошкиот фокус е ставен на длабоките разговори, довербата, интимните односи, тајните и заедничките финансии. Пред нас е период во кој некои работи за кои долго време се молчело конечно би можеле да излезат на виделина.
На кои животни полиња би можеле да почувствуваме промени?
Поврзани објави
Љубов и односи
Старите љубовни приказни повторно ќе дојдат во преден план, исто како и разговорите што сме ги прекинале без јасно објаснување. Многумина ќе почувствуваат потреба да ги расчистат несогласувањата, да постават граници или конечно да ги добијат одговорите што долго ги чекале.
Работа и кариера
Одложените договори би можеле повторно да се активираат, а ова е добар период за завршување на старите обврски и исправување на пропустите. Затоа, пред да преземете нешто, добро размислете – и тоа барем двапати!
Пари и финансии
Кога станува збор за финансиите, најголемо внимание треба да им посветиме на кредитите, долговите, заедничките пари, наследството и финансиските договори. Она што претходно било нејасно сега би можело да добие поконкретна форма и конечно да се разреши.
Комуникација
Недоразбирањата постепено би требало да се намалуваат, а разговорите да стануваат поотворени и поискрени. Сепак, важно е да не донесуваме заклучоци врз основа на претпоставки, туку да побараме јасни одговори.
Личен развој
Многумина конечно ќе можат појасно да разберат зошто одредени ситуации постојано се повторувале и што треба да променат за да продолжат понатаму. Ова е можност да извлечеме поуки од претходните искуства, да затвориме некои стари поглавја и со поголема јасност да го направиме следниот чекор.