Фото: Министерството за односи меѓу заедниците
Во Скопје денеска започна дводневната работилница посветена на изработката на новата Национална стратегија за интеркултурализам и општествена кохезија за периодот 2027–2032 година.
Работилницата ја отвори шефот на Кабинетот на Министерството за односи меѓу заедниците, Шпенд Муратти, а на неа учествуваат претставници на Собранието, Владата, министерствата, државните агенции и експерти од соодветните области.
Активноста е дел од инклузивен процес што се спроведува со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Македонија и Канцеларијата на Високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства.
Во рамки на дискусиите се разгледуваат наодите и поуките од претходните консултации, споредбите со претходните стратегии, како и искуствата од други стратешки документи и меѓународната практика.
Посебен акцент е ставен на актуелните предизвици и недостатоци, како и на утврдувањето конкретни мерки за надминување на предрасудите, општествените поделби и говорот на омраза.
Целта на новата стратегија е да се создадат услови за унапредување на соработката меѓу заедниците, обезбедување еднаков пристап и правична застапеност, како и зајакнување на општествената кохезија во земјата.
Дводневната работилница треба да придонесе кон дефинирање конкретни решенија и остварливи цели што ќе ја постават основата за новата национална стратегија за периодот 2027–2032 година.
Post Views: 107
Извор : vesnik-ilinden.com
Започна изработката на Националната стратегија за интеркултурализам и општествена кохезија 2027–2032