Загрижените коментари пристигнуваат на адресата на нејзиниот сопруг, кој е бесен
Никола Пелц, сопругата на Бруклин Бекам, ги загрижи обожавателите со својот слаб изглед. Имено, снаата на Викторија Бекам секој ден е сè послаба и послаба, и тоа гордо го покажува.
Кога излегува со својот сопруг, таа секогаш ги покажува стомакот и слабите нозе. На висина од 170 см, Никола има помалку од 45 килограми.
Причината за нејзиното слабеење не е некоја траума или нарушување во исхраната, туку новата улога на балерина во филмот „Прима“. Поради таа улога, Никола започнала со интензивни тренинзи, но и со ригорозна диета.
Самата вели дека нејзината исхрана личи на исхрана на 10-годишно дете.
„Дефинитивно обожавам слатко и никогаш не можам да одбијам десерт. Исто така, не би смеела да јадам многу млечни производи, но ги јадам, бидејќи не можам да им одолеам“, открила Никола.
Секое утро без исклучок нарачува чаи чај-лате со овесно млеко од „Старбакс“. Иако често го прескокнува појадокот, понекогаш јаде мафини со боровинки. Со оглед на тоа што ја обожава храната која обично се јаде за појадок, за ручек често бира палачинки или вафли, за да си ја задоволи желбата за слатко. Меѓу нејзините омилени грицки се слатките, чипсот и сендвичите со путер од кикирики и џем.
Поврзани објави
Најголем напад поради изгледот на Никола доживеал нејзиниот сопруг, Бруклин Бекам. Кога кон крајот на август споделил видео од готвење храна, овој 27-годишник, кој гради кариера на готвач, одговорил во делот за коментари откако еден следбеник го прашал:
„Дали им одговараш на сите кои се загрижени за твојата сопруга и за тоа колку болно изгледа? Таа се експонира јавно – нахрани ја.“
Разгневениот Бруклин возвратил:
„Никогаш веќе не зборувај за мојата сопруга. Таа е прекрасна, а ти никогаш не би требало да го коментираш женското тело. Тоа е срамно.“
ФОТО: ИНСТАГРАМ