Познатиот актер Бали-бег ги избричил мустаќите и сега е непрепознатлив
Еден од најпознатите турски актери во денешни време, Бурак Озчивит, неодамна ги шокира своите обожаватели така што се појави без препознатливите мустаќи и брада, што веднаш предизвика бројни шпекулации во јавноста и на социјалните мрежи. Актерот, кој со години одржуваше специфичен изглед поради улогата на Осман Први во серијата „Основачот Осман“, сега изгледа значително помладо и освежено – но и непрепознатливо за многу фанови.
Иако некои помислиле дека станува збор за лична промена на стилот или за подготовка за нова улога, зад овој потег, како што тврдат турските медиуми, се крие многу посериозна причина.
Ја напуштил серијата поради висината на хонорарот?
Според достапните информации, Бурак, наводно, ја напуштил серијата „Основачот Осман“ откако преговорите со продукцијата не вродиле со плод. Актерот барал хонорар од 85000 евра по епизода за седмата сезона, што продукцијата го одбила. Договорот бил прекинат непосредно пред почетокот на снимањето на новата сезона, со што завршила неговата повеќегодишна соработка со проектот во кој бил централна фигура уште од 2019 година.
Поврзани објави
Нов почеток?
Токму затоа, многумина го толкуваат неговото бричење како симболичен гест – крај на едно големо поглавје и подготвеност за нови предизвици. Во светот на глумата, физичката промена честопати значи и професионален пресврт, па новиот изглед на Бурак можеби е сигнал дека се подготвува за поинаква улога или нов жанр.
Обожавателите се поделени – додека едни жалат поради неговото заминување од серијата што му донесе глобална слава, други се возбудени поради потенцијалните нови проекти и трансформации што следат.
Едно е сигурно – Бурак Озчивит не престанува да интригира, било со неговите улогите, приватниот живот или изгледот.
ФОТО: Инстаграм