Дознајте како се приготвува леб во тавче од само пет состојки и без непотребни компликации
Постои нешто посебно во мирисот на тазе печен домашен леб, особено кога можете да го приготвите без многу труд. Лебот од тавче е идеален избор кога сакате топол, мек и миризлив леб, а немате време за комплицирано месење, ниту сакате да вклучувате рерна за еден леб.
Се приготвува од пет основни состојки, кои повеќето веќе ги имаат дома, а резултатот е златна, крцкава коричка и нежна внатрешност. Одличен е за појадок, вечера или како додаток на омилениот домашен оброк.
Состојки:
- 400 г брашно
- 7 г сув квасец
- 1 лажиче сол
- 1 лажички шеќер
- 220 мл млака вода
Приготвување:
Просејте го брашното во поголем сад, па додајте сув квасец, сол и шеќер. Добро промешајте ги сите состојки, а потоа постепено сипувајте млака вода. Месете додека добиете меко и мазно тесто кое лесно се обликува.
Поврзани објави
Обликувајте го тестото во топче, премачкајте го со малку масло и вратете го во садот. Покријте го со чиста кујнска крпа и оставете го на топло место околу еден час, односно додека го удвои волуменот.
Ставете тавче на шпорет и печете го лебот на слаба до средно слаба температура, поклопен, 15-20 минути. Кога долната страна ќе добие убава златнокафена боја, внимателно свртете го лебот и печете ја другата страна уште 10-15 минути.
Внимавајте температурата да не биде пресилна, за да се испече лебот рамномерно и однатре, без да загори коричката.
Готовиот леб извадете го од тавче и оставете го неколку минути да се олади пред да го пресечете. Однадвор ќе има пријатна крцкава коричка, додека внатрешноста ќе остане мека, воздушеста и миризлива.
Погледнете го видеото во продолжение за подетални упатства…
ФОТО: Јутјуб