Почетна Убавина и здравјеАндријана во провокативно модно издание! – Убавина и здравје

Андријана во провокативно модно издание! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Македонската пејачка Андријана Петрушовска го прослави својот 27. роденден со впечатлива фотосесија, чии фотографии ги сподели со следбениците на Инстаграм. За оваа пригода избра модна комбинација што не помина незабележано – бел сатенски корсет во комбинација со бордо кожени панталони, стајлинг што го нагласи нејзиниот изглед и внесе доза на елеганција и сексапил.

На роденденските фотографии, Андријана позира и со торта во рацете, украсена со бели детали кои совршено се вклопуваат со нејзиниот корсет. Со овие кадри пејачката ги почести обожавателите, а под објавата веднаш почнаа да пристигнуваат честитки и комплименти. Меѓу колешките кои ѝ посакаа среќен роденден беа Тамара Волческа и Мелани Тарчуловска.

Петрушовска ѝ стана позната на пошироката регионална публика преку музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, каде што со своите настапи привлече големо внимание. Во финалето во 2024 година го освои високото трето место, со што го потврди својот музички потенцијал.


Поврзани објави

Покрај музиката, пејачката во минатото зборуваше и за негативните коментари што ги добива на социјалните мрежи, откривајќи дека туѓото мислење не може да ѝ ја наруши самодовербата.

„Ниту грдите ниту лошите коментари не ме погодуваат, затоа што мислењето на другите никогаш не ми било важно. И воопшто не ме интересира кој што зборува. Мислењето на другите никогаш не ми било важно и, секако, никогаш нема да биде. Секој има право на свое мислење“, изјави таа.

Андријана тогаш откри и дека е среќна на љубовен план, нагласувајќи дека тоа ѝ е најважно.

„Јас сум среќна и насмеана во љубовта и тоа е најважно. Не ме интересира кој што зборува за мене“, порача пејачката.