Почетна ЕкономијаМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

од nenad
1 минути читај за

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека денеска се одржал состанок посветен на Реформската агенда, на кој биле разгледани тековните активности и спроведувањето на предвидените реформи.

-Денеска се одржа состанок посветен на Реформската агенда, на кој во фокусот беа тековните активности, приоритетите и динамиката на спроведување на предвидените реформи – напиша Мицкоски на Фејсбук.

Христијан Мицкоски состанок за реформската агенда

Тој посочи дека посветеноста на реформскиот процес подразбира координиран институционален пристап, јасно утврдени цели и конкретни чекори за унапредување на функционирањето на институциите.

Христијан Мицкоски состанок за реформската агенда

-Продолжуваме со посветена работа на реформите кои се од суштинско значење за економскиот развој, владеењето на правото, ефикасноста на институциите и подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните – наведе премиерот Мицкоски во објавата.

Фото: Фејсбук на Христијан Мицкоски