Почетна СветВо Тирана се одржа регионална средба за зајакнување на соработката во областа на воздухопловното пребарување и спасување

Во Тирана се одржа регионална средба за зајакнување на соработката во областа на воздухопловното пребарување и спасување

од nenad
1 минути читај за

Во Тирана се одржа регионалната средба на Регионалниот советодавен комитет за воздухопловно пребарување и спасување (RASARAC), посветена на зајакнувањето на соработката меѓу земјите од регионот во областа на воздухопловното пребарување и спасување (Search and Rescue – SAR).

Во рамките на регионалната соработка, во овој механизам се застапени земји како Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Словачка, Словенија, Унгарија и Чешка.

На средбата се разговараше за значењето на меѓуинституционалната координација, размената на информации и усогласувањето на оперативните процедури, во согласност со стандардите на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO).

Посебно внимание беше посветено на соработката меѓу центрите за координација на пребарување и спасување (RCC), заемната помош во случаи на прекугранични вонредни ситуации, како и организирањето заеднички обуки и вежби за зголемување на оперативната подготвеност.

Зајакнувањето на соработката меѓу земјите од регионот има за цел подобрување на оперативната подготвеност, поефикасно користење на постојните човечки и технички капацитети и побрза реакција во случај на воздухопловни несреќи и итни ситуации.

Средбата во Тирана ја потврди важноста на регионалната соработка, нагласувајќи дека заштитата на човечките животи и безбедноста на воздухопловството бараат координација, солидарност и заедничка посветеност на сите држави.


Post Views: 55

Извор : vesnik-ilinden.com

Во Тирана се одржа регионална средба за зајакнување на соработката во областа на воздухопловното пребарување и спасување