Шпанија е една од омилените туристички дестинации, позната по сончевите плажи, прекрасните пејзажи и опуштениот медитерански начин на живот. Но за македонската модна инфлуенсерка Марија Илиев, позната како Марис, неодамнешното патување во Марбеља не поминало без разочарување. Иако уживала во одморот, едно нешто особено ѝ пречело – односот на локалното население кон туристите.
Марис, која живее во Шведска и редовно споделува моменти од секојдневието и патувањата на социјалните мрежи, овојпат отпатувала во Шпанија заедно со сестра ѝ. Нивна дестинација била Марбеља, познато туристичко место на југот од земјата, во регионот Андалузија, на Коста дел Сол.
Инфлуенсерката сподели фотографии од престојот, а откри и дека иако не била сезона за капење, сепак уживала во бикини. За да се подготви за одморот, како што раскажа, цел месец пред патувањето вежбала по двапати дневно.
Сепак, зад убавите фотографии се крие и една забелешка што предизвика реакции.
„Не ги интересираш, дури се и некултурни“
Марис вели дека најголемото разочарување на патувањето било однесувањето на луѓето со кои се сретнувала во секојдневните ситуации – во маркетите, кафулињата и такси-превозот.
Сè е убаво во Шпанија, но има само една работа што го расипува целото искуство – тоа колку не се услужливи.“
Поврзани објави
Значи, Шпанците воопшто не се заинтересирани за тебе! И во маркети, и во кафуле, и во такси – воопшто не се заморуваат со тебе, дури се и некултурни. Но знам зошто е тоа така! Затоа што туристи секогаш ќе има, дури и ако се однесуваат најлошо“, сподели таа.
Од модната писта во Стокхолм до одморот во Марбеља
Марис, која живее во Шведска, во изминатиот период привлече внимание и со своето модно искуство. Таа беше меѓу малкуте избрани модели што добија можност да прошетаат на пистата на Модната недела во Стокхолм. Од вкупно 198 модели што учествувале на кастингот, биле избрани само 20, меѓу кои и таа.
Нејзините објави од патувањата, модните ангажмани и секојдневието редовно предизвикуваат интерес кај следбениците, а овојпат нејзината забелешка за гостопримството во Шпанија отвори тема за тоа колку односот кон туристите може да влијае врз впечатокот од една дестинација.
Секако, станува збор за лично искуство на инфлуенсерката, а не за општ заклучок за однесувањето на сите жители на Шпанија.
Фото: Инстаграм