Лидерство што не познава граници, архитектура што остава трага и визија што веќе ги надминува националните рамки.
Елена Лука, сопственик и генерален менаџер на ELENA LUKA GROUP, го одбележа првиот ден од саемот за недвижности REAL EXPO 2026 со моќни пораки за иднината на градежништвото и значајна најава: ELENA LUKA HOME отвора ново меѓународно поглавје со проширување на своите градежни активности во Грција.
Истовремено, компанијата во Скопје се претстави со импозантен изложбен простор, кој со својата архитектура, технологија и раскош привлече огромно внимание, вклучително и од двајца министри, посетителите и претставниците на конкурентските компании.
Елена Лука: „Градиме со душа, за идните генерации и за дела што ќе останат“
Постојат деловни лидери што ги следат трендовите и такви што имаат храброст да ги создаваат. Елена Лука со децении го гради својот професионален пат врз визија, независност, континуирани инвестиции и бескомпромисна посветеност на квалитетот.
Поврзани објави
Токму таква беше и нејзината порака на првиот ден од REAL EXPO 2026, каде што настапи како една од најистакнатите учеснички на панел-дискусијата посветена на пазарот на недвижности, инвестициите и новите модели на живеење.
Пред претставници на градежниот сектор, институциите, академската заедница и посетителите, Елена Лука говореше за одговорноста што ја носи секој инвеститор, за квалитетот на современата градба и за неопходноста архитектурата да создава вистинска вредност за луѓето.
Претходно
1 од 8
Следно
Текст и фото: ПР