Започна следната студија на случај на ПРОФЕМИНА 2026 под покровителство на CURAPROX_MACEDONIA посветена на оралното здравје и убавата насмевка.
Дали секојдневно правиме грешки што можат да го загрозат здравјето на забите и непцата, а притоа воопшто не сме свесни за тоа? Дали четката е доволна за беспрекорна орална хигиена и кои предупредувачки знаци не смееме да ги игнорираме? Д-р Бојан Ангеловски ги откри најчестите заблуди и раскажа зошто патот до здрава насмевка започнува со малите, секојдневни навики.
На самиот почеток на оваа студија докторот истакна дека парадонтопатијата е водечка причина за губење на забите, и напомена дека четкање на забите само со обична четка има моќ да ги отстрани нечистотиите само 70%.
Продолжи со објаснувањето за ефективностга на денталниот конец, кој според него е најраспространет но не е доволен за да го отстрани денталниот плаг од целосната површина. Потоа објасни како правилно да се избере која големина на интердентална четкичка е идеална за секој пациент посебно.
Поврзани објави
Конецот според докторот сеуште треба да остане во употреба и да се практикува, но онаму каде е непристапно или се забите изротирани поадекватна е интраденталната четкичка. Несоодветната четка за четкање на забите може да предизвика проблеми и инфекции, и иако однадвор забиле изгледаат бели, тоа не е гаранција дека забите се здрави одвнатре и во меѓупросторот.
Што се однесува до тоа од каков материјал треба да е направена четката, многу е важно четката да не е изработена од остри туку од помеки влакна.
Оралното здравје е тесно поврзано и со дијабетот и обезноста, но и со самодовербата кај луѓето. Ангеловски посочи дека квалитетот на живот е различен помеѓу луѓето кои се чувствуваат задоволни од структурата и бојата на нивните заби како и од оралната хигиена за разлика од оние кои не се.
Правилната орална хигиена започнува со редовна и темелна нега на забите. Четкајте ги забите двапати дневно, по две минути, со мека четка и адекватна паста, со нежни кружни движења и без силно притискање. Не заборавајте да го исчистите и просторот меѓу забите по можност со интердентални четкички. Редовните стоматолошки прегледи, во комбинација со правилната секојдневна нега, се најдобриот начин да ги зачувате здравјето на забите и свежината на здивот советуваше д-р Ангеловски