Манекенката Брукс Нејдер го покажала својот провокативен стил: црни панталони и проѕирна маица без градник
Манекенката Брукс Нејдер повторно покажала дека не се плаши да презема модни ризици – дури ни кога станува збор за одење на аеродром.
Манекенката и актерка Брукс Нејдер одамна е позната по провокативните модни комбинации, со кои ѝ го привлекува вниманието на јавноста. Поширока популарност стекна благодарение на соработката со магазинот Sports Illustrated Swimsuit, каде што добила можност да ги покаже сексапилот и фигурата, а со текот на времето изгради имиџ на жена која не се плаши да ги поместува границите кога станува збор за модата.
Атрактивната русокоса и овој пат му останала верна на својот препознатлив стил, докажувајќи дека и сосема обичното одење на аеродром може да се претвори во повод за смело модно издание.
Поврзани објави
За патувањето одбрала црни панталони со опуштен крој и црни патики, но најголемо внимание привлекла со тесната, комплетно проѕирна маица што ја носела без градник. Ваквиот избор оставил малку простор за имагинацијата, а Брукс уште еднаш покажала дека не се воздржува од тоа да ја истакне својата фигура, дури ни во ситуации во кои повеќето познати личности се одлучуваат за значително подискретни комбинации.
Кога станува збор за преостанатиот стајлинг, манекенката се одлучила за едноставност. Минимална шминка, големи темни очила за сонце и долга руса коса, која лежерно ѝ паѓала преку рамениците.
Брукс Нејдер, која полека го освојува и филмскиот свет, продолжува да привлекува внимание со својот моден избор, а нејзината најнова комбинација уште еднаш покажала дека провокативниот стил не е само за црвен килим и гламурозни настани.
ФОТО: ИНСТАГРАМ