Почетна МакедонијаМуцунски и Бланар на средба: Европскиот пат и зајакнувањето на соработката меѓу Македонија и Словачка

Муцунски и Бланар на средба: Европскиот пат и зајакнувањето на соработката меѓу Македонија и Словачка

од nenad
1 минути читај за

Министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар денеска е во официјална посета на Скопје, каде беше пречекан од македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Во објава на социјалните мрежи, Муцунски сподели дека му било особено драго да го пречека неговиот колега Бланар и да разговараат за натамошно унапредување на односите меѓу двете земји и продлабочување на соработката во повеќе области од заемен интерес.

„Посебен акцент ставивме на европската интеграција и економската соработка. Ја истакнав нашата определба за натамошно јакнење на трговските врски и создавање услови за нови инвестиции. Ја нагласив и цврстата посветеност на Владата на европската интеграција и спроведувањето на реформската агенда“, истакна тој.

Министерот посочи и дека особено ја цени цврстата и континуирана поддршка што Словачка ја дава на нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија – и билатерално и преку различни мултилатерални формати.

„Искрена благодарност до Јурај и до пријателска Словачка за поддршката и партнерството“, порача шефот на македонската дипломатија.


Post Views: 45