Самодовербата не се гради само со големи успеси и важни животни пресвртници. Понекогаш, таа започнува со малите нешта што ни го разубавуваат денот, ни го подобруваат расположението и ни помагаат да се чувствуваме посигурно, подготвено и своe.
Токму за тие мали, но значајни моменти ќе се разговара на сценскиот разговор „Самодоверба: моќта е и во малите нешта“, во рамките на конференцијата Profemina 2026.
Со Моника Миленкоска, бренд-менаџерка во „Орбико Македонија“, ќе ги отвориме темите за женската самодоверба, секојдневните ритуали и малите навики што можат да направат голема разлика во начинот на кој се чувствуваме и се доживуваме себеси.
Разговорот, под покровителство на Fisherman’s Friend, ќе понуди поинаква перспектива за самодовербата – не како состојба во која никогаш не се сомневаме во себе, туку како способност да си бидеме поддршка и во моментите кога ни е најпотребна.
Ќе зборуваме за малите ритуали со кои го започнуваме денот, за изборот на облека, шминка и парфем, но и за оние ситници без кои ретко излегуваме од дома. Што секогаш имаме во чантите? Кои секојдневни навики ни даваат чувство на подготвеност? И како некои производи со текот на времето стануваат многу повеќе од дел од нашата рутина – наши мали сојузници во текот на денот?
Со својата 160-годишна историја, препознатливиот вкус и интензивното освежување, Fisherman’s Friend е дел од оваа приказна за малите нешта што нè придружуваат во различни моменти од денот.
Поврзани објави
Зашто самодовербата не мора секогаш да започнува со нешто големо. Понекогаш, доволен е мал ритуал, познат вкус или ситница што нè потсетува дека сме подготвени да се соочиме со денот.
Profemina 2026 ќе се одржи на 29 октомври во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, со почеток во 10 часот.
Бидете дел од разговорите што инспирираат, охрабруваат и поттикнуваат нови перспективи.
Влезот е бесплатен, со претходна регистрација на redakcija@ubavinaizdravje.mk.
Текст: Убавина и здравје