Почетна ЕкономијаГерманскиот автомобилски гигант Volkswagen планира да намали уште 12.000 работни места до 2030 година

Германскиот автомобилски гигант Volkswagen планира да намали уште 12.000 работни места до 2030 година

од nenad
1 минути читај за

Германскиот автомобилски гигант Volkswagen планира да го намали бројот на вработени за околу 50.000 до 2030 година, вклучително и дополнителни 12.000 работни места над претходно договорените 35.000.

Планот се однесува на Volkswagen AG и неговите погони во Германија, но засега нема конкретна распределба по фабрики. Компанијата најавува дека намалувањето ќе се спроведува без принудни отпуштања, преку доброволно заминување, предвремено пензионирање и програми што ќе им помагаат на работниците да најдат ново вработување.

Синдикатот IG Metall се спротивставува на плановите, оценувајќи ги како кршење на колективниот договор. Од таму бараат компанијата да го повлече раскинувањето на десет колективни договори и посочуваат дека работниците веќе прифатиле отстапки што ѝ носат значителни годишни заштеди на групацијата.

Во меѓувреме, управата и синдикатот се договорија преговорите за колективните договори да почнат на 24 ноември во Емден, а да продолжат на 15 декември во Цвикау.