Александар Динев ја сподели својата радост со следбениците
Некои работи едноставно не можат да се сокријат, а особено не возбудата кога ќе си оствариш желба што долго си ја посакувал!
Инфлуенсерот Александар Динев има посебна причина за насмевка – се поднови со автомобил, а среќата поради новата „играчка“ е повеќе од очигледна.
За некого можеби е само уште еден автомобил, но за оној што седнува зад воланот на своето ново возило, чувството е сосема поинакво. А кога нешто толку те радува, зошто да не ја споделиш среќата и со сите што те следат?
Поврзани објави
„Каде ли погрешив со сите овие правилни одлуки? Засекогаш благодарен што ве имам“, пишува во описот на неговата најнова објава во која Динев објаснува дека не му се радува толку на самиот автомобил колку што се гордее со себе што успеал самиот да си го купи, без кредити и без ничија помош.
На Динев му посакуваме многу убави километри, незаборавни патувања и што повеќе причини за насмевка зад воланот!
ФОТО: ИНСТАГРАМ