Почетна Убавина и здравјеВикторија Лоба го прослави роденденот со пердуви и шампањ како вистинска поп-ѕвезда! (ВИДЕО) – Убавина и здравје

Викторија Лоба го прослави роденденот со пердуви и шампањ како вистинска поп-ѕвезда! (ВИДЕО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Викторија Лоба вчера го прослави 38-роденден во малку необичен стил

Нашата пејачка Викторија Лоба, позната по моќниот вокал и нежниот изглед, редовно објавува интересни содржини на профилите на социјалните мрежи. Овој пат таа објави забавно видео по повод својот 38-роденден, во која ја рекреира познатата сцена со Џастин Бибер од видеоспотот за хитот POPSTAR на Диџеј Калид и Дрејк.

Пејачката си поиграла со вештачката интелигенција, па во видеото се појавува со пердуви и шампањ, ги рецитира стиховите од песната POPSTAR и ги имитира движењата на Џастин Бибер, додека ја следи обезбедување, а на ѕидовите се гледаат нејзини портрети во поп-арт стил.

„Фала ви за љубовта! Од утре пак скромна. П.С. Пердувите беа неопходни“, пишува во описот на објавата.


Поврзани објави

Бројни наши лица од јавната сцена веднаш и’ го честитаа роденденот во коментари и признаа дека ги насмеала со својата креативност и смисла за хумор.

Среќен роденден, Викторија! Продолжи да блескаш и остани автентична!

ФОТО: ИНСТАГРАМ