Најстариот син на Викторија и Дејвид Бекам, Бруклин, повторно предизвика дебата на социјалните мрежи со својата најнова објава за готвење. Неговото видео, во кое подготвува тестенини со сос од домати и крем, привлече многу критики, на кои Бруклин Бекам одлучи да одговори.
Во видео објавено на Инстаграм, Бекам подготвува јадење за една личност, а за сосот користи цела главица лук. На критичарите им пречела комбинацијата на кремот со сосот од домати. Коментарите под објавата биле претежно негативни. „Ждригавица во чинија“, напишал еден корисник, додека друг прашал: „Зошто секогаш користи цела главица лук?“. Некои оцениле комбинацијата на крем и домати за сомнителна.
Ова не е првпат Бтуклин да се соочува со критики за своите кулинарски вештини. Откако се обиде во фудбалот и фотографијата, се посвети на готвењето и ја започна серијата „Готвење со Бруклин“ (Cookin’ With Brooklyn).
Често е обвинет за непотизам, а гледачите редовно ги доведуваат во прашање неговите кулинарски вештини. Во една од претходните епизоди, тој беше исмејуван затоа што користел шише вино со тапа што не ја извадил за да подготви болоњезе сос.
Инаку, додека некои го исмејуваат, Бруклин лансираше своја линија на премиум органски сосови. Производите беа лансирани на пазарот и привлекоа големо внимание од јавноста, како поради самиот кулинарски пресврт, така и поради впечатливиот дизајн на шишињата што личат на луксузни парфеми или декантери за виски.
Името „Cloud23“: Зборот „Cloud“ (облак) претставува возвишено кулинарско искуство, додека бројот 23 има двојно значење – тоа е бројот на дресот што го носел неговиот татко Дејвид Бекам во Реал Мадрид и ЛА Галакси, но и датумот кога Бруклин ја запросил својата сопруга Никола Пелц (23 јуни).
рендот дебитираше со два основни вкуса – Sweet Jalapeño (поблаг, слатко-зачинет сос со кафеав шеќер и лук) и Hot Habanero (полута и покисела верзија со хабанеро и црвени халапењо пиперчиња).
Сосовите се продаваат низ Америка и Велика Британија во луксузни синџири на супермаркети како што се „Whole Foods“ и „Erewhon“, преку платформата Амазон, како и директно на официјалната веб-страница на брендот. Цената на едно шише е околу 15 фунти (или околу 35 долари за пакување од два соса).
Бруклин во интервјуата истакна дека идејата ја добил за време на карантинот на пандемијата на ковид кога сфатил дека сака да се занимава со деловната страна на готвењето и повторно да ги прави зачините „секси“. Производите се сертифицирани органски, без ГМО и вештачки стабилизатори.