Почетна ЕкономијаНа денешен ден во 1993 година, Воздухопловниот сојуз на Македонија стана член на ФАИ

На денешен ден во 1993 година, Воздухопловниот сојуз на Македонија стана член на ФАИ

од nenad
0 минути читај за

11/10/2026 7:44
ВЕСТИ, МАРКЕТИНГ

На 11 октомври 1993 година, Воздухопловниот сојуз на Македонија стана полноправен член на Меѓународната воздухопловна федерација (ФАИ).

Одлуката била донесена на 86. Генерална конференција на ФАИ, одржана во Тел Авив, Израел, во периодот од 11 до 17 октомври 1993 година.

Со приемот во меѓународната федерација, Воздухопловниот сојуз на Македонија добил полноправно членство во организацијата што ги обединува националните воздухопловни и аеронаутички спортски организации од целиот свет. Овој чекор претставувал значаен момент за вклучувањето на македонското воздухопловство во меѓународните спортски структури.