Почетна ЕкономијаДржавата до крајот на годината ќе се задолжува на домашниот пазар, најавена и нова граѓанска обврзница

Државата до крајот на годината ќе се задолжува на домашниот пазар, најавена и нова граѓанска обврзница

од nenad
1 минути читај за

Буџетските потреби до крајот на годината ќе се покриваат преку издавање државни хартии од вредност на домашниот пазар и рефинансирање на обврските што доспеваат за плаќање. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска најави и нова емисија на граѓанска обврзница.

Таа појасни дека намалувањето на дел од капиталните расходи не значи откажување од проектите, туку пренасочување на средствата од активности што поради неуспешни тендери или доцнења нема да можат да се реализираат до крајот на годината.

Во однос на задолжувањето за следната година, се разгледува можноста еврообврзницата да се издаде во две емисии. Државата ќе треба да обезбеди средства и за отплата на еврообврзницата од 2023 година, која била со каматна стапка повисока од шест проценти.

Министерката посочи дека неизвесноста на светските пазари бара внимателно управување со јавните финансии. Подготовките за новиот буџет продолжуваат, а меѓу приоритетите ќе бидат здравството и Фондот за здравствено осигурување.