Почетна СветВладата на Албанија го усвои Шестиот национален периодичен извештај за заштита на малцинствата

Владата на Албанија го усвои Шестиот национален периодичен извештај за заштита на малцинствата

од nenad
1 минути читај за

Владата на Република Албанија ја усвои одлуката за одобрување на Шестиот национален периодичен извештај за спроведувањето на Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства.

Одлуката е донесена врз основа на член 100 од Уставот на Република Албанија, Законот за меѓународни договори на Република Албанија и одредбите од Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на малцинствата, која Албанија ја ратификуваше во 1999 година.

Со одлуката се одобрува Шестиот национален периодичен извештај, чиј текст е составен дел на владината одлука. Предлогот бил поднесен од министерот за Европа и надворешни работи.

Одлуката стапува во сила по нејзиното објавување во „Службен весник“ на Република Албанија.

Рамковната конвенција на Советот на Европа претставува меѓународен инструмент за заштита на правата на националните малцинства, вклучително и зачувувањето на нивниот идентитет, јазик, култура и традиции.


Post Views: 104

Извор : vesnik-ilinden.com

Владата на Албанија го усвои Шестиот национален периодичен извештај за заштита на малцинствата