Почетна СветХасани: Албанија го поддржува правото на Израел да ги заштити своите граѓани од вистински закани

Хасани: Албанија го поддржува правото на Израел да ги заштити своите граѓани од вистински закани

од nenad
1 минути читај за

Mинистерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани осврнувајќи се на тензиите на Блискиот Исток и вооружениот конфликт меѓу Израел и Иран, ја потврди поддршката на Албанија за „правото на Израел да ги заштити своите граѓани од вистински закани”.

Албанија го потврдува правото на Израел да ја одржува својата безбедност и да ги штити своите граѓани од вистински закани. Во исто време, го повикуваме Иран да ги запре своите нуклеарни и балистички ракетни активности и да дејствува во целосна согласност со своите обврски според меѓународното право, вклучително и Договорот за неширење на нуклеарно оружје, рече Хасани.

Тој нагласи дека Иран е тој што мора да ја запре својата нуклеарна активност и дека Тел Авив има право на самоодбрана. Оцени дека употребата или развојот на нуклеарно оружје би имало катастрофални последици во регионот и пошироко.

-Во овој контекст, Албанија ги повикува сите страни да се посветат на намалување на тензиите и да се вклучат во одржливо политичко решение, нагласи Хасани.

Тој изрази голема загриженост од ескалацијата на ситуацијата, оценувајќи го како сериозен ризик за пошироката регионална стабилност со глобални последици.

 


Post Views: 24

Извор : vesnik-ilinden.com

Хасани: Албанија го поддржува правото на Израел да ги заштити своите граѓани од вистински закани