Почетна Убавина и здравјеЕве како изгледа синот на Бени Шаќири! Има само 12 години, а тоа што го прави ги остави со отворена уста многумина (ВИДЕО)

Еве како изгледа синот на Бени Шаќири! Има само 12 години, а тоа што го прави ги остави со отворена уста многумина (ВИДЕО)

од nenad
1 минути читај за



Музиката очигледно има посебно место во семејството Шаќири, а доказ за тоа е и 12-годишниот Бен, синот на музичарот Арбен Бени Шаќири и Лиса Баута Шаќири.

Музичкиот талент очигледно се пренесува во семејството Шаќири. Бен, 12-годишниот син на музичарот Арбен Бени Шаќири и Лиса Баута Шаќири, повторно го привлече вниманието со својата љубов кон музиката. На социјалните мрежи беше споделено видео на кое Бен свири гитара заедно со својот татко. Сигурноста со која настапува покажува дека за него музиката веќе не е само хоби.

Видеото го сподели и неговата тетка Нора Шаќири, која со гордост напиша:

Тој има 12 години. Тој е тотално брутален.“

Бен веќе има настапувано пред публика. Минатата година беше дел од „Албанија има талент“, каде со гитарата го покажа својот талент, а неговата мајка Лиса тогаш сподели дека тој „ја оставил душата на сцената“.


Поврзани објави

Иако е сè уште многу млад, Бен очигледно полека го гради својот музички пат. Особено интересен е моментот кога свири заедно со својот татко Бени, кој повеќе од две децении е присутен на македонската музичка сцена како пејач и фронтмен на „Нон стоп“.

Бени и Лиса имаат два сина – Мик и Бен, а музичарот често истакнува дека токму тие се неговата најголема животна мотивација.

Нешто што најмногу ме храни и држи во живот се моите два сина и ако нешто ме интересира во животот, тоа се тие двајца“, има изјавено Бени.

А дали Бен еден ден ќе стане музичар како својот татко? Рано е да се каже, но неговите досегашни настапи покажуваат дека музиката дефинитивно има свое место во неговиот живот.

Screenshot youtube