Почетна Убавина и здравјеКаде е денес Иван Каровски, едно од омилените лица од „Македонски народни приказни“? Денеска е речиси непрепознатлив, а и далеку од камерите (ФОТО)

Каде е денес Иван Каровски, едно од омилените лица од „Македонски народни приказни“? Денеска е речиси непрепознатлив, а и далеку од камерите (ФОТО)

од nenad
2 минути читај за

Во „Македонски народни приказни“ влегол на само 21 година, а денес е магистер по комуникологија и виш стручен соработник

Иван Каровски за првпат се приклучува на екипата на „Македонски народни приказни“ во 1992 година, кога има само 21 година. На почетокот добива помали улоги, но со текот на годините станува еден од препознатливите членови на актерската екипа. Публиката го памети во голем број приказни, меѓу кои „Мајстор над мајсторите“, „Сè што било поминало и сè што ќе биде ќе помине“, „Мудроста е богатство“, „Печената гуска летнала“, „Тројцата побратими и царот“, „Тројца браќа“ и „Богатство и ум“. Од обично момче, преку калфа и царски зет, до ликови кои носат важни животни пораки – Каровски покажува голема актерска разновидност и станува еден од ликовите кои публиката со години ги препознаваше.

Покрај телевизијата, тој бил долгогодишен член и на патувачкиот „Театар Колозов“, со кој детски претстави се изведувале низ училиштата во Македонија. Неговата блискост со Ѓорѓи и Шенка Колозови и со останатите актери се чувствуваше и на сцената, а според Шенка, Каровски бил исклучително скромен, добар и сериозен професионалец, кој бил многу почитуван од колегите. По згаснувањето на оригиналните приказни, тој целосно се повлекува од телевизискиот свет. Иако подоцна бил поканет како почесен член на старата екипа да се појави во новите епизоди, Каровски ја одбил поканата.

А каде е денес?


Поврзани објави

Иван Каровски е роден во 1971 година во Скопје, а во 1990 година се запишал на Факултетот за драмски уметности, на отсекот за драмски актери. Во 1997 година се вработил во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје, каде што започнал како помлад асистент-истражувач, а денес работи како виш стручен соработник. Истата година се запишал и на постдипломски студии по комуникологија, кои ги завршил со магистерски труд посветен на влијанието на печатените медиуми врз изборното определување.

Иако денес речиси и да не го гледаме пред телевизиските камери, Иван Каровски останува едно од лицата кои ја одбележаа златната ера на „Македонски народни приказни“. Од актерските улоги во серијалот и Театарот Колозов, неговиот професионален пат продолжи во сосема друга насока – кон комуникациите, медиумите, културните индустрии и научноистражувачката работа. За генерациите кои растеа со овие приказни, сепак, тој засекогаш ќе остане момчето од народните приказни.

Screenshot youtube