Почетна Убавина и здравјеАнтонија Шола со емотивна објава за Тоше 19 години по неговиот последен концерт! Овој момент ги трогна и најсилните каркатери (ФОТО)

Антонија Шола со емотивна објава за Тоше 19 години по неговиот последен концерт! Овој момент ги трогна и најсилните каркатери (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за



Хрватската пејачка се потсети на нивниот заеднички настап во Скопје и сподели фотографија со македонската музичка легенда.

Некои музички спомени со годините стануваат уште посилни. Деветнаесет години по последниот концерт на Тоше Проески, неговата колешка и пријателка Антонија Шола се потсети на нивниот заеднички момент на сцената во Скопје.

Шола, со која Тоше го сними популарниот хит „Volim osmijeh tvoj“, на социјалните мрежи објави заедничка фотографија со македонскиот пејач. Во емотивната објава, во позадина ги сподели стиховите од песната „Zvjezdano nebo“ на Илма Карахмет, со порака за некој што и понатаму живее во сеќавањата.


Поврзани објави

Тоше и Антонија соработуваа и беа блиски пријатели, а нивните заеднички настапи оставија трага кај публиката. Денес, фотографиите од тие моменти имаат посебна тежина, особено поради трагичните настани што следуваа само неколку дена по последниот концерт.

На 5 октомври 2007 година, Тоше го одржа својот последен концерт на Градскиот стадион во Скопје пред околу 30 илјади обожаватели. Само 11 дена подоцна, на 16 октомври, неговиот живот трагично заврши во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. И по речиси две децении, неговата музика и споменот за него продолжуваат да живеат.

Screenshot Instagram – Фото: Википедија