Новак Ѓоковиќ ја освои својата седма титула на Отвореното првенство на Кина во Пекинг, а по големиот успех имаше можност да чуе честитки од добро познато лице од регионалната сцена.
Имено, пејачот Ненад Кнежевиќ Кнез моментално е во Пекинг, каде што имаше можност лично да му честита на српскиот тенисер.
Ѓоковиќ го освои трофејот откако Алекс де Минор му го предаде финалниот меч кога српскиот тенисер водеше со 1:0 во сетови.
Кнез ја сними средбата со Новак, а потоа ја објави снимката на својот инстаграм-профил. На неа се гледа како двајцата топло се поздравуваат и се прегрнуваат.
Поврзани објави
Заедно со видеото, Кнез сподели и емотивна порака, истакнувајќи дека не очекувал дека неговото патување во Пекинг ќе му донесе таква средба.
„Понекогаш животот ти нуди момент што не си го планирал. Доаѓаш во Пекинг како турист, а потоа го среќаваш Ноле на средба што ќе ја паметиш цел живот. Ти благодарам Новак. Честитки за седмата титула на Отвореното првенство на Кина. Беше задоволство да бидам тука, Татјана и јас, те бакнуваме и те поздравуваме!“, напиша Кнез, додека на снимката може да се чуе како вели: „Многу ми е мило што те гледам“.