Почетна Убавина и здравјеЕдноставен рецепт за вариво што е идеално за есенски ручек, само 3 состојки

Едноставен рецепт за вариво што е идеално за есенски ручек, само 3 состојки

од nenad
1 минути читај за



Со батат, келераба и моркови, ова хранливо вариво се подготвува брзо и е одличен избор за ручек или лесна вечера.

Кога температурите почнуваат да паѓаат, топлите варивa се едно од најдобрите решенија за вкусен домашен оброк. Овој рецепт комбинира батат, келераба и моркови, а резултатот е лесно, хранливо и заситувачко јадење. Подготовката е едноставна, па не е потребно многу време поминато во кујна.

За рецептот потребни се 50 грама црвен кромид, 200 грама батат, 140 грама келераба и 100 грама моркови. Се додаваат и 50 милилитри овесно млеко, малку маслиново масло, лук во прав, власец, сол и свеж магдонос. Од наведената количина се добиваат околу две порции.


Поврзани објави

На малку маслиново масло пропржете го ситно исечканиот кромид додека не стане стаклест. Потоа додадете ги бататот, келерабата и морковите исечени на коцки, па зачинете со лук во прав, власец и малку сол. Налејте вода колку да го покрие зеленчукот и варете на умерена температура околу 25 минути, односно додека состојките не омекнат.

Пред послужување, варивото посипете го со свежо сечкан магдонос. По желба можете да додадете куркума или мелена црвена пиперка за поинтензивен вкус. Ако сакате покремаста текстура, дел од сварениот зеленчук изблендирајте го со рачен блендер и вратете го во тенџерето, а јадењето послужете го топло со парче препечен леб.

pexels – rucek