Погледнете ги неверојатните идеи за преуредување на дворот кои ѝ помогнале на оваа жена да создаде совршено место за забава и релаксација
Сосема е нормално да посакувате промена на околината ако поминувате многу време дома. Тоа е особено точно во потоплите месеци, кога освен во куќата, сакате да поминувате време и во дворот. Затоа, ако размислувате за проекти што можете да ги направите кога ќе затопли, инспирирајте се од ова преуредување на двор.
„Во текот на петте години колку што живееме во оваа куќа, имавме многу идеи за големиот отворен простор што беше нашиот двор“, вели жената која се осмелила сама да ги засука ракавите и да направи нешто во врска со тоа, па додава:
„Главно се користеше како голем тоалет за мојот пекинезер, Бентли.“
Деловите што не биле тоалет за кучето вклучувале покриена тераса – но таа не била баш шармантна. Празниот цементен простор бил опкружен со големи, празни ѕидови без никаков карактер.
Таа сакала својот здодевен двор да го претвори во релаксирачко место за дружење по долг работен ден, а подоцна и во простор за забава со пријателите и семејството. Затоа решила конечно да преземе нешто, почнувајќи од верандата.
Го офарбала целиот беж ѕид во впечатлива портокалова боја и рачно насликала бел шеврон-дезен за да му даде бохо изглед, како тапет. За просторот полесно да преминува од дневна употреба во вечерна атмосфера за дружење, додала едноставен сет светилки за амбиент и тиркизен лустер од ратан кој служи како визуелен централен елемент на просторот.
Трпезариската маса и столиците нудат многу функционален простор за одмор, претворајќи го некогаш бескорисниот надворешен простор во одлично место за дружење.
Поврзани објави
„Успеавме да заштедиме пари така што повторно ги искористивме надворешната маса и столиците што веќе ги имавме, а ратанскиот лампион исто така е рециклиран – направен од стара подлога за маса.“
За остатокот од дворот, сакала да создаде повеќе простор за опуштање и дружење, па се одлучила за лулашка и огниште на подлога од чакал. Просторот го врамила со дрвени греди, а потоа внатрешноста ја исполнила со чакал за да создаде посебен дел за забава – многу полесно и поевтино отколку поплочување или лиен бетон.
Во центарот додала повеќеслојно огниште опкружено со лежалки.
Пронаоѓањето изведувач што би го презел проектот било премногу тешко, па решила сè да направи сама. На крајот, проектот чинел малку, а успеала да го истакне и својот личен стил, па е горда на сè што направила целосно сама.
„Обожавам да работам со бои и да ги користам, па можноста тој аспект да го внесам во нашиот двор ми значеше многу“, вели таа.
„Штом ќе стапнете таму, се чувствувате како да сте на сосема друго место.“
ФОТО: ЈУТЈУБ