Добрите очила почнуваат со разбирање на вашите потреби. Како работите, читате и го поминувате денот е подеднакво важно како и вашата диоптрија.
Во Prima Optics, искуството, стручниот оптометриски тим и современата опрема се обединуваат во индивидуален пристап – од проверката на диоптријата и советувањето до изборот на рамка и прецизната монтажа на стаклата. За очила што ви одговараат по вид, удобност и стил.
Јасниот вид бара внимание на секој детал. Затоа, во Prima Optics изборот на стакла се заснова на вашите визуелни потреби и секојдневни навики, а монтажата се изведува со современа опрема за прецизно поставување во избраната рамка.
Работа пред екран, читање или динамично секојдневие – секоја потреба заслужува соодветно оптичко решение.
Го оддалечувате телефонот за да прочитате? Сè почесто ги менувате очилата за блиску и за далеку?
Решението е во прогресивните стакла кои овозможуваат одличен вид на далечина, на средно растојание и на близина во едни очила. За нивната удобност, клучни се правилниот избор, прецизните мерења и индивидуалното прилагодување.
Поврзани објави
Во Prima Optics се достапни ZEISS SmartLife стакла, дизајнирани за визуелните потреби на современиот начин на живот, а во тек е и промотивен период од 30% попуст на сите прогресивни стакла.
Миопијата, односно кратковидоста, може да напредува во детството. Навременото откривање и редовното следење се важен дел од грижата за детскиот вид.
Во Prima Optics се достапни ZEISS MyoCare – специјално развиени стакла за деца со миопија, дизајнирани да помогнат во забавување на нејзината прогресија. Изборот на соодветно решение треба да биде придружен со стручна проценка и редовни контроли.
Од 1999 година, Prima Optics вложува во знаење, технологија и професионална грижа. Нашата цел е едноставна: да создадеме врвно оптичко искуство, во кое стручноста, прецизноста и квалитетот се препознаваат во секој детал. Затоа, за сите ZEISS стакла во Prima Optics следуваат гаранција за задоволство и сертификат за квалитет, како потврда за сигурноста и високите стандарди кои ги применуваме.
Посетете ја Prima Optics и откријте го решението за вашиот вид.
Prima Optics – посветени на вашиот јасен поглед.
Текст и фото: ПР