Горивата од утре ќе се продаваат по пониски цени, откако Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе нова одлука. Во просек, малопродажните цени се намалуваат за 1,85 отсто.
Новите цени стапуваат во сила на 6 октомври во 00:01 часот.
Според одлуката, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 98,50 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 100,50 денари. Двата бензина поевтинуваат за 1,50 денар.
Најголемо намалување има кај дизелот. ЕУРОДИЗЕЛ БС од утре ќе чини 97 денари за литар, односно 3 денари помалку од досега.
За 3 денари се намалува и цената на екстра лесното масло, кое ќе се продава за 108,50 денари за литар.
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,285 денари и ќе изнесува 49,597 денари за килограм.
Од РКЕ информираат дека станува збор за максимални малопродажни цени, што значи дека трговците можат да ги продаваат горивата и по пониски цени.
Намалувањето следува по падот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, при што дополнително влијаеле и промените во курсот на денарот во однос на доларот.