Почетна Убавина и здравјеСо емотивна порака ја сподели најубавата вест, а откри и како ќе се вика бебето (ФОТО) – Убавина и здравје

Со емотивна порака ја сподели најубавата вест, а откри и како ќе се вика бебето (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Драган Величковски Тајзи и неговата сопруга Ангела добија син, а музичарот откри дека присуствувал на породувањето.

Драган Величковски Тајзи и неговата сопруга Ангела го добија својот прв син, Захариј. Радосната вест музичарот ја сподели со своите следбеници преку емотивна објава и фотографија од сопругата и новороденчето.

Тајзи напиша дека денот кога нивниот син дошол на свет е најубавиот во нивните животи. Според него, вистинската среќа се наоѓа во малите моменти – еден поглед, допир и малото срце кое, како што вели, им го променило целиот свет.

Посебно емотивен момент за него било тоа што присуствувал на породувањето. Токму тоа искуство, како што открива, му помогнало уште повеќе да ја разбере силата на мајките, а до својата сопруга упати и порака полна со восхит и благодарност.

На крајот, Тајзи му се обрати и на својот син, ветувајќи му дека тој и Ангела секогаш ќе бидат негово засолниште, поддршка и дом.


Поврзани објави

Ова е најубавиот ден во нашите животи. Среќата навистина се крие во малите нешта – во еден поглед, еден допир и едно мало срце што ни го промени целиот свет. Ти благодариме Боже, за најубавиот подарок што можевме да го добиеме. Бев присутен на породувањето и сега знам зошто мајките се најсилните суштества на овој свет. Ангела, ти се восхитувам повеќе од кога било. А тебе сине Захариј, ти ветуваме дека цел живот ќе бидеме твоето засолниште, твојата поддршка и твојот дом“, напиша тој.

Screenshot Instagram