Почетна Убавина и здравјеПејачката покажа како изгледа нејзиното секојдневие со ќеркичката (ФОТО) – Убавина и здравје

Пејачката покажа како изгледа нејзиното секојдневие со ќеркичката (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Неколку месеци откако стана мајка, Јанева сподели нов нежен момент со своето девојче, кое ѝ го промени секојдневието.

Александра Јанева ужива во најновата и досега најважна животна улога – мајчинството. Пејачката сподели фотографија од прошетка со својата ќеркичка Тина, која се роди на 28 мај годинава.

Мирните моменти со бебето денес се дел од нејзиното секојдневие, а Јанева уште во бременоста со голема возбуда зборуваше за промената што ја очекува. Во шестиот месец откри дека таа и сопругот Иван Ангелов веќе ѝ зборувале на својата неродена ќерка и со нетрпение се подготвувале за нејзиното пристигнување.

Уживам во секој еден ден од новонастанатата состојба“, раскажа тогаш пејачката, откривајќи дека бременоста ја поминувала лесно и дека и понатаму останала активна со снимања, работа во студио и пешачење.

По повеќе од десет години активно настапување, Александра одлучила да направи пауза од сцената. Настапувала до петтиот месец од бременоста, а потоа решила да забави и да се посвети на подготовките за мајчинството.

На 28 мај, желбата станала реалност – Александра и Иван за првпат станаа родители. Веста за раѓањето на Тина беше споделена со јавноста преку честитки и убавата порака:

Добре дојде најмило бебе Тина“.


Поврзани објави

Неколку дена подоцна Јанева објави и први фотографии од својата ќерка, придружувајќи ги со емотивните зборови:

Ти си доказ дека љубов постои“.

Оттогаш пејачката повремено открива дел од семејното секојдневие. Тина веќе го имаше и своето прво летно патување, а Александра сподели посебен момент од плажа – ја држеше ќеркичката во прегратка додека нејзините мали стапала за првпат го допираа морето.

Инстаграм

Од сцената и микрофонот до прошетките, прегратките и малите семејни моменти – животот на Александра Јанева очигледно доби сосема нов ритам.

Screenshot socijalni mrezi