По промоцијата на „Карамела“, пејачката откри дека впечатливите детали од нејзините стајлинзи имаат посебна семејна приказна.
Пред само неколку дена, Теа Трајковска ја претстави својата нова песна „Карамела“, а сега сподели интересен детаљ од снимањето на видеоспотот. На неколку фотографии што ги објави на Инстаграм Стори, во центарот на вниманието е накитот што го носи.
Пејачката откри дека дел од впечатливите парчиња не се само модни додатоци, туку припаѓале на нејзината баба. Така, во еден од изгледите носи бели висечки обетки со камен, додека за комбинацијата инспирирана од Јапонија избрала сребрени обетки од семејната колекција.
Поврзани објави
Посебно внимание привлекува и третиот стајлинг, кој го надополнила со син шешир, син ѓердан, алка и впечатливи обетки со син камен. И овие парчиња, како што открива, се дел од накитот што го поседувала нејзината баба.
Мојот омилен look, сосе шеширот. Што да ви кажам, баба ми била модна икона“, напиша Теа, откривајќи дека зад дел од нејзините впечатливи комбинации стои и семејна приказна.
Screenshot socijalni mrezi