Почетна Убавина и здравје„И двајцата многу го сакаме“ (ВИДЕО) – Убавина и здравје

„И двајцата многу го сакаме“ (ВИДЕО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



38-годишниот пејач наскоро ќе стане татко, а во разговор откри дека со сопругата веќе го избрале името за нивното прво дете.

Тајзи ги брои последните денови до раѓањето на својот син со сопругата Ангела Анчевска и за нивното семејство. Пејачот откри дека двајцата се познаваат повеќе од една деценија и дека нивната љубов со текот на годините прераснала во желба да создадат семејство.

Сакам да ѝ кажам фала затоа што ми верува, ми е поддршка и затоа што ќе ми роди нешто за кое ќе ти се смени и би го дал и животот“, рече Тајзи, кој со голема возбуда го очекува доаѓањето на бебето.

Тој истакна дека му се допаѓаат приказни во кои нешто трае и е вистинско.


Поврзани објави

Пејачот откри и дека со Ангела очекуваат машко дете, а веќе го избрале и името. Нивниот син ќе се вика Захари, име кое, како што вели Тајзи, им се допаднало и на двајцата. Изборот има и религиозно значење, бидејќи станува збор за библиско име, а пејачот откри дека му е и домашна слава.

Тајзи ја запроси Ангела на Денот на вљубените во Охрид, а во јуни парот објави дека го очекува своето прво дете. Во јули направија и венчавка и свадбена прослава. Ангела се појавува и во видеозаписот за неговата најнова песна „Мама“, а наскоро двајцата ќе ја добијат најголемата животна улога – да станат родители.

Screenshot Instagram