Нашата водителка максимално ги користи последните летни денови
Розов горен дел, впечатлив зебра-дезен и самодоверба која не може да помине незабележано. Цеце Николова ужива во последните летни денови во базен, а со своето најново видео испраќа моќна порака.
„Мојот маж го заслужува најдоброто, затоа постојам“, пишува на видеото, додека во описот духовито стои: „very Virgo of me“.
И навистина – сезоната на девицата штотуку започна, а со неа доаѓа и онаа препознатлива енергија на знакот: високи стандарди, самодисциплина, внимание на детали и желба да се биде најдобрата верзија од себе.
Но кај Цеце, „најдоброто“ очигледно не значи совршенство според туѓите стандарди.
Поврзани објави
Таа со години отворено зборува за животот со алопеција и за патот од криење на сопствениот изглед до целосно прифаќање на себеси. Денес, таа нема проблем да излезе во јавност без перика, напротив, самоуверено се покажува токму таква каква што е.
И затоа ваквите објави имаат поинаква тежина.
Да се чувствуваш убаво во сопствената кожа не значи да изгледаш така како што налагаат стандардите за убавина. Значи да престанеш да се прашуваш дали смееш да бидеш тоа што си. Цеце природно го покажува токму тоа.
А ако ова е „very Virgo of me“, тогаш очигледно сезоната на девицата несомнено започна со прилично високи стандарди.
ФОТО: ИНСТАГРАМ