Почетна Убавина и здравје„Нема ништо поубаво од тоа да се вљубуваш по сто пати“! Откри и за кого станува збор? – Убавина и здравје

„Нема ништо поубаво од тоа да се вљубуваш по сто пати“! Откри и за кого станува збор? – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Познатиот стилист зборуваше за „пеперутките“, љубовните односи и зошто сака партнерите да ги држи подалеку од јавноста.

Сергеј Варошлија отворено зборуваше за љубовта, вљубувањето и својот приватен живот во поткастот „Полиграф“ кај Стефанатор. На директното прашање дали моментално е вљубен, стилистот кратко одговори: „Не“, но потоа објасни дека самиот чин на вљубување за него е едно од најубавите чувства.

Според него, најинтензивниот период на една нова љубов не секогаш значи дека станува збор за вистинска и стабилна врска. Варошлија вели дека првите недели се исполнети со силни емоции, но токму тие „пеперутки“ можат да создадат погрешна слика за односот. Затоа денес, кога ќе почувствува силна привлечност, намерно се обидува да забави и да направи дистанца.


Поврзани објави

Тој призна дека со годините научил повеќе да се вреднува себеси и повеќе да не се вложува во љубовните односи на ист начин како порано. Во разговорот се осврна и на својата желба партнерите да ги заштити од јавноста, но призна дека тоа не секогаш му успева бидејќи луѓето лесно ги поврзуваат лицата што се појавуваат со него.

Особено директен беше и за коментарите на социјалните мрежи. Варошлија смета дека денес практично секој може да навлегува во туѓата приватност и да носи заклучоци без да ја знае целата приказна. Токму затоа, како што објасни, би сакал неговите љубовни врски да останат приватни, не само поради себе, туку и поради луѓето со кои е во врска.

printskrin youtube