Почетна Убавина и здравјеАнџелина Џоли продаде вила во Лос Анџелес за вртоглава сума на пари! Еве колку точно милиони долари и легнаа на сметка (ВИДЕО)

Анџелина Џоли продаде вила во Лос Анџелес за вртоглава сума на пари! Еве колку точно милиони долари и легнаа на сметка (ВИДЕО)

од nenad
1 минути читај за



Оскаровката имотот го купила во 2017 година, а сега го продала за речиси пет милиони долари помалку од првичната барана цена.

Актерката Анџелина Џоли го продаде својот историски имот во престижната населба Лос Фелиз во Лос Анџелес за 24,75 милиони долари. Имотот во мај бил понуден за 29,85 милиони долари, но конечната продажна цена била околу пет милиони долари пониска. Џоли го купила во јуни 2017 година за 24,5 милиони долари.

Раскошниот имот се простира на околу два хектари, додека главната куќа има повеќе од 1.000 квадратни метри. Располага со шест спални соби и 10 бањи, а зад себе има и интересна холивудска историја – некогаш бил во сопственост на легендарниот режисер Сесил Б. Демил, кој го купил во 1916 година.


Поврзани објави

На имотот, покрај главната палата во стилот Beaux-Arts, има и гостинска куќа од околу 93 квадратни метри со посебен влез. Во големиот двор се наоѓаат базен долг околу 12 метри, куќа покрај базенот, фитнес-студио и куќа за чај, како и посебна гаража со безбедносна станица.

Продажбата се поврзува и со плановите на Џоли да го напушти Лос Анџелес и да живее во странство откако сите нејзини деца ќе станат полнолетни. Таа претходно објасни дека поради големото семејство барала дом кој ќе им обезбеди приватност, мир и безбедност. Во Лос Анџелес, како што има кажано, останала главно поради околностите поврзани со разводот од Бред Пит.

Screenshot youtube