Од романтично запросување како Аладин до свадба во Куршумли ан и семејниот живот со ќерката Јоана.
Актерот Сашко Коцев и неговата сопруга, докторката Смиљана Бундовска-Коцева, одбележаа 14 години брак. Двојката се венчаше на 22 септември 2012 година, а деновиве нивни пријатели повторно споделија фотографии од свадбата, потсетувајќи на големиот ден во Куршумли ан во Скопје.
На свадбената веселба присуствуваа бројни пријатели и познати лица од македонската јавна сцена, меѓу кои Дарко Митревски, Весна Петрушевска, Ванчо Петрушевски, Тони Михајловски, Емил Рубен и Горазд Цветковски. За атмосферата се погрижија Бендот на Тоше, Кристина Арнаудова, Влатко Илиевски и тамбурашите на Нино Величковски, а по прославата младенците заминаа на меден месец на Малдиви.
Но, уште пред свадбата, Коцев приреди момент кој остана запаметен како едно од највпечатливите јавни запросувања кај нас. На „Златна бубамара на популарноста“ во 2012 година, облечен како Аладин, ја повика Смиљана на сцената и со Каролина Гочева ја испеа „Цел нов свет“. Запросувањето било внимателно чувано во тајност, а за планот знаеле само неколку луѓе.
Денес, Сашко и Смиљана својот приватен живот главно го чуваат далеку од очите на јавноста. Во 2017 година станаа родители на ќерката Јоана, а актерот во повеќе наврати има зборувано за радоста што му ја носи семејството. Ја истакнувал и поддршката од сопругата, чие мислење му е особено важно, додека по нејзиното стекнување со титулата доктор на медицински науки јавно порача:
Горд сопруг“.
Screenshot Википедија