Познатиот македонски инфлуенсер, модел, стилист и мејкап артист Октај Сејди во моментов престојува во Тајланд, каде што ја претставува Македонија на престижниот избор „Mister World“.
Октај уште еднаш привлече огромно внимание со својот настап пред присутните во големата сала, каде што се појави во смела комбинација која го стави во преден план неговото мускулесто и извајано тело.
Поврзани објави
Македонскиот претставник ги собра симпатиите на присутните, а неговиот изглед не помина незабележано. Со самодоверба и впечатлив сценски настап, Октај покажа зошто во изминатиот период посветено работеше на својата форма.
Телото кое го покажа на сцената е резултат на долгогодишна дисциплина, тренинзи и посветеност, а како што самиот има споделувано, за својот настап во Тајланд дополнително се подготвувал во текот на целата измината година.
Неговото појавување предизвика бројни позитивни реакции, а Октај продолжува достоинствено да ги брани боите на Македонија на големата светска сцена.