Почетна Убавина и здравјеБрод, шампањ, огномет… Милица Павловиќ далеку од Србија го прослави роденденот! Еве кој и прави друштво (ФОТО)

Брод, шампањ, огномет… Милица Павловиќ далеку од Србија го прослави роденденот! Еве кој и прави друштво (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за



Пејачката својот 34. роденден го прослави во Швајцарија, во друштво на две пријателки, со незаборавна журка на брод и продолжување во ресторан.

Милица Павловиќ го прослави својот 34. роденден, но овој пат далеку од дома – во Швајцарија, опкружена со пријателки и одлична атмосфера. По големата гала журка во Белград минатата година, сега одлучи прославата да биде поинтимна и посебна.

Нејзините пријателки ѝ приредија изненадување – изнајмија брод, обезбедија шампањ, огномет и добра музика. На бродот владееше одлично расположение, а Милица на социјалните мрежи сподели снимки од прославата. Журката продолжи во ресторан, каде пејачката ги дувна роденденските свеќички и посака желба.

На Инстаграм напиша:

Ви благодарам на сите за прекрасните желби… Ве сакам… Не замерувајте, малку се напив… Зашто вака велат… Го славам животот со сите добри и лоши нешта што ги носи… Затоа го сакам.“


Поврзани објави

Printscreen/Instagram/senoritamilica

Оваа прослава уште еднаш покажа колку Милица Павловиќ ја сака животната енергија и како тоа се пренесува на нејзините фанови.

Printscreen/Instagram/senoritamilica
Printscreen/Instagram/senoritamilica

printskrin Youtube – extra fm milica pavlovic