Table of Contents
По динамичните летни денови, септември носи нов ритам, враќање кон рутината и совршена можност да воведеме подобри секојдневни навики. Есента е идеален период да му посветиме повеќе внимание на просторот во кој живееме, но и на здравјето, виталноста и физичката активност.
Токму затоа, во понудата на Smartus.mk ве очекуваат одлични попусти на најбараните категории уреди кои можат вистински да го олеснат и да го променат секојдневието – од паметни решенија за чистење до практична фитнес-опрема за дома.
ЧИСТ ДОМ СО МИНИМАЛЕН ТРУД
Чистиот и уреден дом секогаш носи чувство на свеж почеток. А денес, за беспрекорен простор не мора да поминувате часови во чистење.
Изберете паметна роботска правосмукалка која ќе ја заврши работата речиси сама, УВ анти-грини правосмукалка за подлабинско чистење на мебелот или практична безжична правосмукалка за брзо и лесно секојдневно користење.
Наш фаворит оваа есен е JIMMY H10 Flex стик правосмукалката – моќна, лесна и секогаш при рака, без заплеткани кабли и непотребно губење време.
ВРЕМЕ Е ЗА ДОМАШЕН ТРЕНИНГ
А кога станува збор за тренинг, временските услови надвор повеќе не мора да бидат изговор!
Поврзани објави
Со неколку паметно избрани фитнес уреди, дневната соба или гаражата лесно може да се претворат во вистинско домашно фитнес катче. Во понудата ќе најдете статични велосипеди за оние кои сакаат постојан ритам, траки за трчање за класичен кардио тренинг, како и фитнес веслачи за активирање на целото тело.
Од фитнес понудата го издвојуваме Yesoul W2 Pro, трака за пешачење идеална за пешачење и лесно трчање во домашни услови. Има одлична носивост до 136 килограми, како и можност за наклон до 10 проценти, што овозможува дополнително прилагодување на тренингот.
ПОЧНЕТЕ ВО СВОЕ ТЕМПО
Не е потребно да го менувате целиот живот преку ноќ. Понекогаш, новиот почеток започнува со еден мал, но паметен избор – уред кој ќе ви го олесни секојдневието, ќе ве мотивира да бидете поактивни и ќе ви помогне да создадете подобри навики.
Изберете го она што најмногу ви одговара и започнете во свое темпо, токму таму каде што се чувствувате најудобно.
Ваше е само да го изберете својот фаворит за подобра форма, повеќе енергија и поздрав животен стил.
Разгледајте ја целата понуда на Smartus.mk и искористете ги попустите:
https://www.smartus.mk/posebna-ponuda-247
Текст и фото: ПР