Почетна Убавина и здравје„Ова беше единствената правилна одлука“! Ова се деталите (ФОТО) – Убавина и здравје

„Ова беше единствената правилна одлука“! Ова се деталите (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

„Гордa сум на себе што имав храброст да ја донесам оваа одлука“, напиша таа

Александра Ханусари (22) се откажа од титулата прва придружничка на Мис Финска 2026, а нејзината одлука ги изненади и јавноста и организаторите.

Ханусари преку Инстаграм соопшти дека одлуката не ѝ била лесна, но дека почувствувала оти повлекувањето е најдобриот избор за неа.

Гордa сум на себе што имав храброст да ја донесам оваа одлука“, напиша таа, додавајќи дека сака да продолжи да се слуша себеси и да верува во сопствените одлуки, дури и кога се плаши од нив.

Таа им се заблагодари на луѓето што ги запознала за време на натпреварот и на организацијата, а откри дека по повлекувањето чувствува олеснување, благодарност, но и одредена носталгија.

Организаторите ја поддржаа

Од организацијата „Мис Финска“ порачаа дека ја почитуваат одлуката на Александра и дека секој треба самостојно да одлучува за својата иднина.

Ханусари важеше за една од фаворитките на изборот, но титулата ја освои Вера Гренлунд. По финалето, Александра призна дека била разочарана бидејќи многу работела за победата, но сметала дека резултатот можеби требало токму така да биде.

Кој ја презема нејзината позиција?

По нејзиното откажување, местото на прва придружничка го презема Софија Синг, која првично беше втора придружничка.

Нејзината позиција, пак, сега ја презема Ребека Хоманен, која завршила четврта во финалето на изборот за Мис Финска 2026.

Screenshot youtube