Почетна Убавина и здравјеПита што не се меси и не дебелее? Стефан Спирковски сподели здрава, но еднакво вкусна варијанта на омиленото балканско печиво

Пита што не се меси и не дебелее? Стефан Спирковски сподели здрава, но еднакво вкусна варијанта на омиленото балканско печиво

од nenad
1 минути читај за

Инфлуенсерот Стефан Спирковски сподели рецепт за здрава домашна пита со урда и сирење од оризова хартија

Ретко кој може да одолее на топла, вкусна пита за појадок или вечера, но сите знаеме колку се калорични ваквите деликатеси, па нивните поздрави варијанти секогаш се добредојдени. Инфлуенсерот Стефан Спирковски сподели идеја за домашна пита со урда и сирење која се приготвува со оризова хартија, наместо со кори, а излегува крцкава однадвор и сочна однатре. Овој рецепт е доволно едноставен за да го приготвите и во обичен работен ден – без месење и без сучење кори. Еве како…

Состојки:
  • 16 оризови хартии
  • 2 јајца
  • 2 лажици маслиново масло
  • 150 мл млеко/јогурт/кефир
  • ½ пакетче прашок за пециво
  • малку сол
  • 200 г нискомаслена урда
  • 50 г сирење
  • 2 јајца
  • сусам по желба
Приготвување:

Во сад скршете две јајца, додајте 2 лажици маслиново масло, околу 150 мл млеко, јогурт или кефир, прашок за печиво и малку сол. Измешајте го сето тоа убаво.

Потоа, потопете ја оризовата хартија во вода, поминете ја низ претходно приготвената смеса и наредете еден слој во плех (околу 8 оризови хартии).


Поврзани објави

За филот, измешајте околу 200 г нискомаслена урда, 50 г сирење, 2 јајца и малку сол. Убаво распоредете го добиениот фил по првиот слој оризова хартија. Повторете го процесот и со преостанатата оризова хартија.

За крај, по желба посипете малку сусам и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, 35-40 минути, додека добие убава крцкава кора.

Уживајте!

ФОТО: ИНСТАГРАМ