Фронтменот на „Либеро“ ужива во летниот одмор, но и во семејниот живот со сопругата Ивана и ќерката Ниа.
Фронтменот на македонскиот бенд „Либеро“, Иван Јованов (35), повторно го привлече вниманието на јавноста. Познатиот пејач сподели летна фотографија од одморот на која позира во тиркизни шорцеви за капење, а во преден план се неговите мускули и извајаната фигура.
Очигледно е дека Иван посветува внимание на својот изглед и редовно одржува добра физичка форма, што не остана незабележано кај неговите следбеници. Фотографијата веднаш собра бројни лајкови и позитивни коментари, а пејачот уште еднаш покажа зошто важи за еден од најатрактивните музичари на домашната сцена.
Поврзани објави
Иако некогаш важеше за еден од најпосакуваните ергени, неговото срце одамна ѝ припаѓа на сопругата Ивана. По неколкугодишната врска и раѓањето на нивната ќерка Ниа во март 2024 година, парот годинава ја круниса својата љубов со свадбена прослава. Церемонијата се одржа во модерен ресторан покрај базен, а младенците блескаа во елегантни изданија.
Посебно внимание на свадбата привлече малата Ниа, која во бело фустанче изгледаше како мала невеста. Атмосферата ја збогати саксофонистот Горан Папаз, додека првиот танц на младенците беше проследен со мелодија од култната серија „Семејно благо“. Денес, покрај успешните улоги на сопруг и татко, Иван очигледно наоѓа време и за себе, одржувајќи ја формата со која повторно ги освои социјалните мрежи.
Instagram pritnscreen