Сочно месо со растопено сирење во средината и несекојдневен начин на подготовка – едноставен рецепт што остава одличен впечаток.
Ако барате поинаква идеја за вечера со мелено месо, овој рецепт е одличен избор. Сочното мелено месо крие растопено сирење во средината, додека необичниот начин на подготовка му дава посебен изглед. Вака го прави Марија Шерифовиќ, тврди дека нема простор за грешка.
За подготовката ви требаат: 500 грама мелено месо, 200 грама кашкавал или моцарела, една главица кромид, едно јајце, две лажици презла, мелена црвена пиперка, сол, бибер, малку масло и зачини по желба.
Поврзани објави
Месото се меша со ситно сечканиот кромид, јајцето, презлата и зачините. Од смесата се формираат плескавици, во чија средина се става сирењето, а потоа внимателно се затвораат за да остане филот внатре. За подготовката во чаши задолжително користете огноотпорни чаши наменети за готвење или печење, а не обични чаши кои можат да пукнат од високата температура.
Чашите се премачкуваат со малку масло и се полнат со подготвеното месо. Се готви или пече додека месото целосно не биде термички обработено, а сирењето во средината не се растопи. Јадењето се сервира веднаш, со салата, печен компир или зеленчук по желба. При сечењето, растопеното сирење се разлева од средината и му дава особено привлечен изглед.
Marija Serifovic Printscreen Instagram