Дариа и Калиа го пречекаа со торта, подароци и прегратки, а Никола призна дека токму тие моменти му се најголемото богатство.
Никола Мишковски, популарниот шеф од „Брза кујна“, го прослави својот 42. роденден, но најубавото изненадување го доби дома. Ќерките Дариа и Калиа го пречекаа со торта и свеќички, му пееја роденденска песна и му подарија подароци.
Сопругата Стефанија ги сними емотивните моменти, а Никола подоцна сподели дел од видеото со своите следбеници. Тој напиша дека по сите работни предизвици, успеси и падови, токму прегратките од неговите деца го потсетуваат што значи вистинското богатство.
Поврзани објави
Не ми треба поголем подарок. Овие прегратки, овие насмевки и ова „Среќен роденден, тато“ вредат повеќе од сè“, порача Никола.
Никола и Стефанија се во брак од 2019 година. Покрај Дариа и Калиа, тој има и син од првиот брак.
Instagram pritnscreen