Шерон Стоун продолжува да маѓепсува со својата харизма и шарм и со право важи за една од најголемите холивудски диви.
Една од најпознатите актерки Шерон Стоун, благодарение на социјалните мрежи ни даде можност да ѕирнеме во нејзиниот приватен живот, и самите да се увериме дека надвор од камерите и рефлекторите, таа е сосема „обична жена“, која деновите ги поминува како и секој нормален човек.
Обожавана е не само поради улогите, убавината и изгледот што некогаш ја направи секс-симбол, туку и поради природноста и спонтаноста, а на 66-годишна возраст продолжува да ја маѓепсува публиката – дури и без шминка и без елегантната облека.
Шерон Стоун на Инстаграм се пофали со топло парче облека, кое го доби и веднаш го проба, а видеото привлече големо внимание поради нејзиниот сосема природен изглед.
Поврзани објави
Таа беше облечена во фустан без прерамки, боса, без „готова“ фризура и без трошка шминка.
Иако, воодушевува и во елегантни изданија во седмата деценија…
Фото и видео: Инстаграм